Според сеќавањата на проф. Христо Стамболиев во 1947 година формирано е друштво на хемичарите и технолозите како асоцијација на научниците и истражувачите кои се активни во хемијата, применетата хемија и технологијата, подоцна преименувано во Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија. Сојузот е дел на Инженерската институција на Македонија (ИМИ) и е членка на Европско хемиско друштво (EuChemS).
Во рамките на Сојузот има: секција за терминологија и номенклатура, кристалографија, полимери и образование.
Финансиските средства на Сојузот се донации од Министерството за наука и образование на Македонија односно некои факултети и универзитети во Македонија, како и донации од стопанството.
Почитувани колеги,
Ги молиме сите кои сакаат да бидат активни членови на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија во 2022 г. да уплатат членарина во вредност од 500 ден. според податоците дадени подолу (ПП-30). Молиме уплатата да ја извршите најдоцна до крајот на февруари 2022 г. (членарината после овој рок ќе изнесува 700 ден.):
Котизацијата за студенти на додипломски студии на универзитетите во Македонија е 250 ден.
Тие членови кои не се регистрирани во СХТМ, пред да уплатат да се регистрираат на следниот ЛИНК.
– цел на дознака: членарина 2021 за име и презиме
– повикување на број на задолжување: 0
– назив на примач: СХТМ Скопје
– трансакциска сметка на примачот: 300000001352895
– банка на примач: Комерцијална банка
– износ МКД: 500
– повикување на број на одобрување: членарина 2021 за име и презиме
– шифра: 563
Дел од позначајните активности предвидени за 2022 г. се:
o Издавање на научното списание Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering.
o Организација на 15-ти Студентски Конгрес на СХТМ.
o Наставната секција на СХТМ предвидува продолжување на повеќе активности и оваа година:
· Учество на меѓународна олимпијада по хемија (International Chemistry Olympiad – IChO)
· Учество на јуниорската олимпијада по природни (International Junior Science Olympiad – IJSO) во заедничка организација со колегите од физика и од биологија
· Државни натпревари по хемија за средните училишта.
· Државни натпревари за основните школи.
· Семинари по хемија за наставници од средните и основните училишта.
· ….
Како што ви е познато членовите на СХТМ имаат посебни повластици ако учествуваат во овие активности.
Со почит,
Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ
Драги членови на СХТМ,
Со особено задоволство Ве известуваме дека по повод 75-годишнината од основањето на Природно-математичкиот факултет – Скопје и патронатот на Факултетот, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, денес, 16 декември 2021 година, беше одликуван со плакета во знак на признание и благодарност за успешната соработка и придонесот во развојот на научноистражувачката дејност и промоцијата на Факултетот.
Плакетата ја додели проф. д-р Александар Скепаровски, декан на ПМФ, а признанието го прими проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ. Ова признание е резултат на долгогодишната работа и посветеноста на членовите на СХТМ. Во оваа прилика, искрено им се заблагодаруваме на сите членови за дадениот придонес кон успешноста на СХТМ, од самиот почеток до денес.
Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија ја изразува својата огромна благодарност до Природно-математичкиот факултет за соработката и севкупната поддршка, без којашто реализацијата на дел од активностите на СХТМ не би била возможна.
Со почит и благодарност,
СХТМ
29 септември до 1 октомври, 2022, Скопје