15-ти СТУДЕНТСКИ КОНГРЕС НА СХТМ

 

Второ соопштение, 1.7.2022

Драги студенти,

15-тиот Студентски конгрес на СХТМ (со меѓународно учество) ќе се одржи на Институтот за хемија, Природно-математички факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  во Скопје, Република Северна Македонија во периодот од 29ти септември до 1ви  октомври 2022.
Целта на конгресот е да се претстават резултатите од дипломски, постдипломски и докторски истражувања преку усни презентации. Може да се пријават теми од сите области на чистата и применетата хемија како и хемиското инженерство.

Пример за апстракт може да најдете ТУКА.

Рокот за поднесување на апстракти е до 1.09.2022. Апстрактите да се испратат на следната e-адреса: studentskikongres.shtm@gmail.com.
Котизацијата изнесува 10 евра за членовите на СХТМ и 20 евра за останатите учесници.

За учесниците од Македонија уплатата (во денарска противвреднст) да се изврши до:

  • назив на примач: СХТМ Скопје
  • адреса: Институт за хемија, ул. Архимедова бр. 5, Скопје
  • жиро-сметка: 300000001352895 Комерцијална банка, Скопје
  • даночен број: 4030954350704
  • цел на дознака: котизација за 15-ти студентски конгрес

Веб страната (www.ih.pmf.ukim.edu.mk;  www.sctm.mk) ќе биде ажурирана со нови информации, Ве молиме да ја следите. Ве очекуваме со вашите презентации да го збогатите овој конгрес и да се запознаете со истражувањата на младите од регионот.

 

Со почит,

Организатори:
вонр. проф. Наташа Ристовска, научен одбор, natasa@pmf.ukim.mk  
асс. Пеце Шеровски, организациски одбoр, sherovskip@pmf.ukim.mk
ред. проф. Билјана Анѓушева, biljana@tmf.ukim.edu.mk
вонр. проф. Дафинка Стоевска Гоговска, dafinka@tmf.ukim.edu.mk

 

Прво соопштение, 9.3.2022

Драги студенти,

Ви го најавуваме 15-тиот Студентски конгрес на СХТМ (со меѓународно учество), кој ќе се одржи во Скопје, на Институтот за хемија, ПМФ, во периодот од 29-ти септември до 1-ви  октомври 2022 согласно препораките за Covid-19.

Целта на конгресот е да се претстават резултатите од дипломски, постдипломски и докторски истражувања преку усни презентации. Може да се пријават теми од сите области на чистата и применетата хемија како и хемиското инженерство.

Ве молиме следете ја веб страната www.sctm.mk која ќе биде ажурирана со нови информации. Ве очекуваме со вашите презентации да го збогатите овој конгрес и да се запознаете со истражувањата на младите од регионот.

 

Организатори:
вонр. проф. д-р Наташа Ристовска, научен одбор, natasa@pmf.ukim.mk
асс. м-р Пеце Шеровски, организациски одбор, sherovskip@pmf.ukim.mk  

 

15-ти Студентски конгрес на СХТМ

29 септември до 1 октомври, 2022, Скопје

Вести