Соопштение
03.8.2022

 

Драги натпреварувачи, 

По успешно завршената 2022 година, со освоени два бронзени медала, ги почнуваме активностите за следниот циклус натпревари. Најдобро пласираните од државниот натпревар за средни училишта - 2022 се поканети да учествуваат на квалификациониот натпревар за избор на 10 ученика кои интензивно ќе се подготвуваат за учество на меѓународните олимпијади по хемија во 2023 година.  

  • Право на учество: оние кои биле дел од државниот натпревар 2022 и ги имаат постигнато следните резултати:
  • I категорија: првите 20,
  • II категорија: првите 10
  • III категорија: првите 11.
  • Термини за натпревари: 
    • квалификационен натпревар: декември 2022 година. Натпреварот ќе се состои од теоретски проблеми, ќе трае 5 часа и ќе се одберат десетмина. 
    • селекционен натпревар: март 2023 година и ќе вклучува два дела, теорија и експерименти. Двата дела траат по 5 часа (во два различни дена) и ќе се одберат четворица кои ќе го сочинуваат македонскиот тим за учество на олимпијадите. 
  • Материјали: ќе бидат доставени по електронски пат.  
  • Подготовки: Десетмината избрани на селекциониот натпревар ќе продолжат со подготовки на Институтот за хемија. 
  • Пријавување: Учеството на селекциониот натпревар треба да го потврдите (или откажете) со праќање порака на е-mail: mihabukleski@pmf.ukim.mk, најдоцна до 15 август. Во e-mail-от треба да наведете: Име и презиме, училиште и град, школска година (во 2023), ментор.

 

15-ти Студентски конгрес на СХТМ

29 септември до 1 октомври, 2022, Скопје

Вести