Соопштение
26.7.2022

Почитувани ученици и наставници,

Списокот на литература за подготовка за вториот селекционен натпревар за Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022).можете да го преземете ТУКА.

 

Со почит

ДФРМ, СХТМ, МБД

 

Соопштение
5.7.2022

 

Почитувани,

По одржување на првиот селекционен натпревар по природни науки (01.07.2022 год.), го објавуваме списокот на ученици кои се пласираа за учество на вториот селекционен натпревар за составување на македонскиот тим за учество на 19. Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022).

 

Листа на ученици пласирани за учество на вториот селекционен натпревар по природни науки

 

Со почит

ДФРМ, СХТМ, МБД

 

 

Соопштение
10.6.2022

Почитувани ученици и наставници ,

Првиот селекциониот натпревар за учество на Меѓународната Јуниорска Олимпијада по природни науки 2022, ќе се одржи на 01.07.2022 година (петок), со почеток од 10 часот на Природно - математичкиот факултет во Скопје (Горна зграда). 

На Селекциониот натпревар се покануваат следниве ученици кои имале најдобри резултати на Државните натпревари по физика, хемија и биологија одржани во 2022 година. 

Преземете ја листата на поканети ученици.

Поканетите ученици за учество на овој натпревар задолжително треба да го потврдат своето учество со испраќање на порака на следнава адреса: fizikanatprevari@gmail.com најкасно до 24.06.2022 година (23.59).

Доколку учениците не го потврдат учеството до крајниот датум ќе се смета дека нема да учествуваат на натпреварот. 

Преземете го деталното известување за Селекциониот натпревар.

Со почит
ДФРМ, СХТМ, МБД

 

 

15-ти Студентски конгрес на СХТМ

29 септември до 1 октомври, 2022, Скопје

Вести