Ноември – МЕСЕЦ НА НАУКАТА!

Соопштение
21.11.2017

Почитувани ученици и наставници,

Списокот на регистрираните учесници на настанот со регулирана котизација и уредно испратени описи на демонстрацијата може да се види ТУКА (со зелено се обоени имињата на учесниците со регулирана котизација, со зелено да се означени уредно испратените описи на демонстрација, а со да? оние кои не испратиле опис). Учениците и наставниците кои немаат регулирана котизација и не испратиле опис на демонстрацијата нема да имаат право да ја претстават демонстрацијата и да добијат сертификат за учество и ќе може да учествуваат само во отворениот дел од настанот т.е. да ги видат демонстрациите од уредно пријавените учесници од 9.30-12.30.

Воедно, ги информираме оние наставници кои не се ментори на ученици со демонстрација, дека според дадените правила за пријавување и учество на настанот, задолжително подготвуваат презентација од 10-тина минути пред своите колеги за да имаат право на учество на настанот.
Подетални информации на mesec.na.nauka@gmail.com

Ве молиме да не го користите паркингот непосредно до Институтот за хемија. На следниов линк даден е преглед на паркинзи во непосредна близина на Институтот (одалечени околу 5 минути пешачење). https://youtu.be/xbMnqbXi7f4

Програмата за активностите во следниот викенд е дадена во табелата подолу.

Програма за 25.11.2017 (сабота), III год.

Време

Активност

Просторија

Забелешка

08:30-09:00

Регистрација

II спрат

Задолжително

09:00-09:30

Свечено отворање

Амф

 

09:30-12:30

Натпревар во демонстрации и изработки

Холови – Институт за хемија, ПМФ

Слободен влез

12:30-13:30

Пауза за ручек

 

Само за регистрирани учесници

13:30-14:00

Олгица Кузмановска – Еволуција на ѕвездите

Амф

14:00-14:30

Александар Кирковски – Алпите од планинарска перспектива

Амф

14:30-15:00

Кафе пауза, сертификати за учество

II спрат

15:00-15:30

Алексеј Ановски – Иновации на еволуцијата

Амф

15:30-16:00

Марина Јанеска – Школски тестови на мобилен телефон

Амф

16:00-17:00

Презентации на наставници (за наставници)

Амф

Посета на лаборатории (за ученици)

 

17:00

Доделување дипломи на најуспешните

Амф

Програма за 26.11.2017 (недела), IIIIV год.

Време

Активност

Просторија

Забелешка

08:30-09:00

Регистрација

II спрат

 

09:00-09:30

Свечено отворање

Амф

 

09:30-12:30

Натпревар во демонстрации и изработки

Холови – Институт за хемија, ПМФ

Слободен влез

12:30-13:30

Пауза за ручек

 

Само за регистрирани учесници

13:30-14:00

Љупчо Пејов – Молекули во нанокафези: мал простор, големи можности

Амф

14:00-14:30

Емилија Целакоска – Како да се користи Ламбертовата функција 

Амф

14:30-15:00

Кафе пауза

II спрат

15:00-15:30

Благоја Маркоски – Географските информациски системи нов правац во географијата

Амф

15:30-16:00

Сара Крстевска – Во светот на дијатомеите

Амф

16:00-17:00

Презентации на наставници (за наставници)

Амф

 

Посета на лаборатории (за ученици)

 

17:00

Доделување дипломи на најуспешните

Амф

 

Соопштение
20.11.2017

Честитки до сите учесници! 
Ви благодариме за убавите демонстрации и за прекрасниот викенд!

Награди – II викенд

НАГРАДА ЗА  НАЈМАСОВНО УЧЕСТВО НА МЕСЕЦОТ НА НАУКАТА – ОУ КРСТЕ МИСИРКОВ, ГЕВГЕЛИЈА

18.11.2017 (сабота), VIIVIII одд. (и математика и географија од IX одд.)

19.11.2017 (недела), IX одд.

 

Соопштение
14.11.2017

Почитувани ученици и наставници,

подготовките за следниот викенд се во завршна фаза и со нетрпение Ве очекуваме.

Списокот на регистрираните учесници на настанот со регулирана котизација и уредно испратени описи на демонстрацијата може да се види ТУКА (со зелено се обоени имињата на учесниците со регулирана котизација, со зелено да се означени уредно испратените описи на демонстрација, а со да? оние кои не испратиле опис). Учениците и наставниците кои немаат регулирана котизација и не испратиле опис на демонстрацијата нема да имаат право да ја претстават демонстрацијата и да добијат сертификат за учество и ќе може да учествуваат само во отворениот дел од настанот т.е. да ги видат демонстрациите од уредно пријавените учесници од 9.30-12.30.

Воедно, ги информираме оние наставници кои не се ментори на ученици со демонстрација, дека според дадените правила за пријавување и учество на настанот, задолжително подготвуваат презентација од 10-тина минути пред своите колеги за да имаат право на учество на настанот.
Подетални информации на mesec.na.nauka@gmail.com

Ве молиме да не го користите паркингот непосредно до Институтот за хемија. На следниов линк даден е преглед на паркинзи во непосредна близина на Институтот (одалечени околу 5 минути пешачење). https://youtu.be/xbMnqbXi7f4

Програмата за активностите во следниот викенд е дадена во табелата подолу.

Програма за 18.11.2017 (сабота), VIIVIII одд.

Време

Активност

Просторија

Забелешка

08:00-09:00

Регистрација и подготовка на натпреварувачите за демoнстрации

II спрат

Задолжително

09:00-09:30

Свечено отворање

Амф

09:30-12:30

Натпревар во демонстрации и изработки

Холови – Институт за хемија, ПМФ

Слободен влез

12:30-13:30

Пауза за ручек

Само за регистрирани учесници

13:30-14:00

Јасмина Петреска Станоева – Храната како витална компонента во одржување на животот

Амф

14:00-14:30

Тодорка Цилева – Примена на мобилните телефони во наставата по физика во основно образование

Амф

14:30-15:00

Кафе пауза, сертификати за учество

II спрат

15:00-15:30

Светлана Пејовиќ – Екологија и биологија на балканскиот рис

Амф

15:30-16:00

Филип Парталовски – Телескопи: типови и принцип на работа

Амф

16:00-17:00

Презентации на наставници/Посети на лаборатории за ученици

124/ПМФ

17:00-17:30

Доделување дипломи на најуспешните 

II спрат

Програма за 19.11.2017 (недела), IX одд.

Време

Активност

Просторија

Забелешка

08:00-09:00

Регистрација и подготовка на натпреварувачите за демoнстрации

II спрат

Задолжително

09:00-09:30

Свечено отворање

Амф

09:30-12:30

Натпревар во демонстрации и изработки

Холови – Институт за хемија, ПМФ

Слободен влез

12:30-13:30

Пауза за ручек

Само за регистрирани учесници

13:30-14:00

Глигорије Џилвиџиев – Природни појави на планината Беласица

Амф

14:00-14:30

Миха Буклески – Хемичарите во време на војна. Успесите на нацистичките хемичари

Амф

14:30-15:00

Кафе пауза, сертификати за учество

II спрат

15:00-15:30

Анета Гацовска-Барандовска – Математиката и економските функции

Амф

15:30-16:00

Бисера Влахова – Брадест мршојадец

Амф

16:00-17:00

Презентации на наставници/Посети на лаборатории за ученици

124/ПМФ

17:00-17:30

Доделување дипломи на најуспешните 

II спрат

Соопштение
13.11.2017

Благодарност до сите учесници на настанот кој ни го разубавија Институтот и внесоа позитивна енергија кај сите нас!

Честитки до сите ученици за прекрасните демонстрации!

Повелете посетете не повторно, да се забавуваме и да научиме нешто ново и интересно.

Награди – I викенд, I–VI одд.

На линковите подолу дадени се апстракти на предавањата за Ноември - месец на науката 2017:

11.11.2017 (сабота), IVI одд.

Светлана Пејовиќ – Екологија и биологија на балканскиот рис
Бијлана Анѓушева – Рециклирање на материјали: предизвици и  можности
Валентина Гоговска –  Текстуални задачи
Оливер Зајков – Физика за забава

18.11.2017 (сабота), VIIVIII одд. и 19.11.2017 (недела), IX одд.

Јасмина Петреска Станоева –  Храната како витална компонента во одржување на животот
Тодорка Цилева – Примена на мобилните телефони во наставата по физика во основно образование
Филип Парталовски – Телескопи: типови и принцип на работа
Глигорије Џилвиџиев – Природни појави на планината Беласица
Миха Буклески – Хемичарите во време на војна. Успесите на нацистичките хемичари
Анета Гацовска-Барандовска – Математиката и економските функции
Бисера Влахова – Брадест мршојадец

25.11.2017 (сабота), III год и 26.11.2017 (недела), IIIIV год

Олгица Кузмановска – Еволуција на ѕвездите
Александар Кирковски – Алпите од планинарска перспектива
Алексеј Ановски – Иновации на еволуцијата
Марина Јанеска – Школски тестови на мобилен телефон
Љупчо Пејов – Молекули во нанокафези: мал простор, големи можности
Емилија Целакоска – Како да се користи Ламбертовата функција
Благоја Маркоски – Географските информациски системи нов правац во географијата
Сара Крстевска – Во светот на дијатомеите

Соопштение
03.11.2017

Програма за 11.11.2017 (сабота), IVI одд

Време

Активност

Просторија

Забелешка

08:00-09:00

Регистрација

I спрат

Задолжително

09:00-09:15

Свечено отворање

Амф

Само за регистрирани учесници

09:15-09:45

Светлана Пејовиќ - Екологија и биологија на балканскиот рис

Амф

09:45-10:15

Бијлана Анѓушева – Рециклирање на материјали: предизвици и  можности

Амф

10:15-10:45

Кафе пауза

II спрат

10:45-11:15

Валентина Гоговска –  Текстуални задачи

Амф

11:15-11:45

Оливер Зајков – Физика за забава

Амф

11:45-12:00

Презентации на наставници
Светлана Миоковиќ Томеска – Асистивна информатичка технологија и совладување на математиката кај ученици со посебни образовни потреби

Амф

12:00-13:00

Пауза за ручек
Подготовка на натпреварувачите

I спрат

13:00-16:00

Натпревар во демонстрации и изработки

Холови II и III спрат – Институт за хемија, ПМФ

За посетители влезот е слободен од 14-16ч.

16:00-17:30

Радан Митровиќ – Прошетка низ Сончевиот систем (активност за ученици)

Види табела

Само за регистрирани учесници

Работилници за ученици (математика или природни науки)

17:00-17:30

Кафе пауза (наставници)

I спрат

Штанд – сертификати

18:00

Доделување дипломи на најуспешните

Амф

Распоред по групи:

Група (број на ученици)

Работилница

Просторија

Сончев систем

Просторија

Група 1: природни науки (35)
ПМФ, Институт за физика

16:30-17:30

Библиотека

16:00-16:30

III спрат

Група 2: математика (10)
ПМФ, Институт за математика

16:30-17:30

Училница - приземје

Група 3: непријавени (41)

/

/

16:30-17:00

III спрат

Група 3: природни науки (24)
ПМФ, Институт за хемија и Експлорариум

16:00-17:00

Лаб. органска (лаб. 201)

17:00-17:30

III спрат

Група 4: природни науки (24)
ПМФ, Институт за биологија и МЕД

16:00-17:00

Сала за конференции (бр. 104)


Списокот на ученици по групи за работилниците е даден тука:
МАТ
П.Н.-ХЕМ
П.Н.-БИО
П.Н.-ФИЗ

Списокот на учесници (и ученици и наставници) врз основа на уплатена котизација е даден тука
Со зелено се означени оние учесници кои имаат уплатено котизација. Оние кои не се означени, задолжително да достават слика од уплатница на lile-94@hotmail.com, како и список на лица за кои се однесува уплатата доколку на една уплатница е платено за повеќе лица.

Други информации:

  • Пријавените ученици и наставници задолжително да се регистрираат во периодот од 8:00 до 9:00ч.
  • Времето предвидено за изведување на една демонстрација со вклучена дискусија со членовите на комисијата е околу 5 мин. Потребниот прибор го обезбедуваат самите учесници.
  • Учениците што изведуваат демонстрација треба постојано да бидат присутни на означените работни места во периодот од 13 до 16 ч. за да може посетителите да ги погледнат нивните демонстрации.
  • Наставниците кои не се ментори на ученици кои се претставуваат со демонстрација задолжително подготвуваат презентација во врска со нивната наставна практика (доставуваат формулар до предвидениот датум; времето на презентирање е 10−15 мин.). Со една презентација се пријавува еден наставник. Наставниците – ментори на ученици можат да изберат дали ќе подготват и презентација или не.
  • Научно-популарните предавања во претпладневната сесија и работилниците во попладневната сесија се дозволени за сите регистрирани учесници според распоредот. За посетители влезот е слободен од 14-16ч.
  • Ве молиме да не го користите паркингот непосредно до Институтот за хемија. На следниов линк даден е преглед на паркинзи во непосредна близина на Институтот (одалечени околу 5 минути пешачење).

https://youtu.be/xbMnqbXi7f4

Со почит,

СХТМ во име на организаторите

Соопштение
31.10.2017

Почитувани ученици и наставници,

во списокот подолу со зелено се означени оние учесници кои имаат уплатено котизација. Оние кои не се означени, треба да достават доказ за уплата на lile-94@hotmail.com, како и список на лица за кои се однесува уплатата доколку на една уплатница е платено за повеќе лица.
Оние што се означени со црвено треба да достават опис  на демонстрација, опис на презентација или некои други податоци (информации се пратени на мејл-адресите кои ги имаат оставено при пријавата).

Ве молиме ова да го направите до 02.11.2017 (четврток). Организаторите го задржуваат правото да ги одбијат пријавите кои нема да бидат комплетни до овој датум.

Списокот со подетални информации можете да го видите ТУКА.

Со почит,
СХТМ во име на организаторите

Соопштение
27.10.2017

Почитувани ученици и наставници,

Ве известуваме дека рокот за испраќање описи на демонстрации заврши. Им благодариме на сите оние кои со своја демонстрација, презентација или учество решија да се вклучат во оваа манифестација.

Освен тоа, ве известуваме дека и рокот за уплаќање на рана котизација заврши. Од 28.10.2018 година важат следниве котизации:

  • 500 ден. за еден учесник за еден викенд и
  • 800 ден. за еден учесник за  два викенди

За информации околку уплатите на котизацијата обратете се на lile-94@hotmail.com.

За информации околу дополнително пријавување за првиот викенд (11.11.2017) обратете се на mesec.na.nauka@gmail.com.

Во наредните неколку дена ќе биде објавена конечната програма, а ќе бидат објавени и списоци со регистрирани учесници за првиот викенд. Дополнителни информации во врска со самата организација и реализација на настанотќе бидат испратени директно до учесниците.

Со почит,
СХТМ

Програма за настанот Ноември - месец на науката

Соопштение
02.10.2017

Продолжување на рокот за пријавување

Почитувани ученици, наставници и сите заинтересирани за манифестацијата Ноември – месец на науката 2017,

Ве информираме дека досега преку електронскиот формулар се регистрирани над 1000 учесници за оваа манифестација. СХТМ во име на сите организатори им се заблагодарува за нивниот интерес, желба за истражување и стекнување нови знаења и пријателства.
Сепак, за да излеземе во пресрет на сите заинтересирани за овој настан објавуваме дека, по барање на повеќемина наставници, рокот за пријавување за првиот и третиот викенд се продолжува до 10 октомври 2017 година (односно, продолжувањето на рокот за пријавување важи само за учениците од I до VI одд. и за оние од I до IV година).
Електронскиот формулар е достапен на https://docs.google.com/forms/d/1n4V0HFuK1GITekt1jWNBH7_3_OYckoCYfDqIylnFyp4/edit
Останатите рокови остануваат непроменети:

  • 15 октомври 2017 – испраќање опис на демонстрација за ученици од основно образование (на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com)
  • 15 октомври 2017 – испраќање опис на презентацијата за наставници од основно образование (на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com)
  • 27 октомври 2017 – испраќање опис на демонстрација за ученици од средно образование (на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com)
  • 27 октомври 2017 – испраќање опис на презентацијата за наставници од средно образование (на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com)
  • 27 октомври 2017 – уплата на котизација – за сите регистрирани учесници

Пријави и уплати по овие датуми нема да бидат земени предвид и учесниците го губат правото на учество на настанот.

Ве потсетуваме на следниве информации:

  • Сите предвидени активности ќе бидат реализирани на Институтот за хемија, ПМФ. Посетата на лаборатории ќе биде реализирана на соодветните институти на ПМФ.
  • Една демонстрација се изведува од еден или најмногу двајца ученици. Демонстрации во кои учествуваат тројца или повеќе ученици нема да бидат земени предвид. Времето предвидено за изведување на една демонстрација со вклучена дискусија со членовите на комисијата е околу 5 мин.
  • Еден ученик може да се пријави за демонстрација само од една област. Учениците што изведуваат демонстрација треба да бидат присутни на означените работни места во периодот од 13 до 16 ч.
  • Наставниците кои не се ментори на ученици кои се претставуваат со демонстрација задолжително подготвуваат презентација во врска со нивната наставна практика (доставуваат формулар до предвидениот датум; времето на презентирање е 10−15 мин.). Со една презентација се пријавува еден наставник. Наставниците – ментори на ученици можат да изберат дали ќе подготват и презентација или не.
  • Писмено тестирање за учениците не е предвидено.
  • Научно-популарните предавања во претпладневната секција се дозволени за сите регистрирани учесници. Нерегистрирани учесници немаат право да присуствуваат на предавањата.

Со почит,
СХТМ во име на организаторите

Соопштение
05.09.2017

Почитувани ученици, наставници и родители,

Ве повикуваме и оваа година да се вклучите во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“, во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското биолошко друштво (МБД), Друштвото на физичарите на Р. Македонија (ДФРМ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астроном­ско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).
Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, хемија, физика, биологија, географија и математика и ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три викенди во ноември 2017 година и тоа:

  • 11 ноември за учениции од I-VI одделение
  • 18 и 19 ноември за учениции од VII-IX одделение
  • 25 и 26 ноември за учениции од I-IV година

и ќе вклучува повеќе настани: научно-популарни предавања, изложба и натпревар во демонстрации/изработки/експерименти/симулации/модели од ученици, презентации на искуства од наставници, работилници, посета на лаборатории на ПМФ и други активности.
За учество на настанот секој ученик и секој наставник треба да се пријави најдоцна до 30 септември 2017 година со пополнување на електронска пријава на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/1n4V0HFuK1GITekt1jWNBH7_3_OYckoCYfDqIylnFyp4/edit
Освен тоа, треба да се пополни формулар со опис на демонстрацијата (на учениците) или презентацијата (на наставниците) и да се испрати на e-mail: mesec.na.nauka@gmail.com најдоцна до 15 октомври (за основно) и до 27 октомври (за средно). Една демонстрација се изведува од еден или најмногу двајца ученици (формуларот за демонстрацијата може да го симнете ТУКА). Наставниците може да учествуваат како ментори на демонстрација и/или да учествуваат со презентација (формуларот за презентацијата може да го симнете ТУКА) при што со една презентација се пријавува еден наставник.
Котизацијата за учество на настанот треба да се уплати најдоцна до 27 октомври 2017 година, петок (пример уплатница е дадена ТУКА, за групна уплата да се достави список на дадениот e-mail) и изнесува:

  • за ученик – 300 денари и вклучува учество на еден ученик со една демонстрација. Ученик има право да се пријави и без демонстрација да учествува во другите активности.
  • за наставник – 300 денари за еден викенд, односно 500 денари за два викенда.

Секој ученик и секој наставник кој ќе учествува на настанот ќе добие сертификат за учество на настанот, а ќе бидат доделени дипломи и награди на најдобрите ученици на натпреварот во демонстрации како и на нивните ментори.
Да се вклучиме сите и заедно да придонесеме за популаризација на природните науки!

Со почит,

Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ
Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД
Доц. д-р Боце Митревски, претседател на ДФРМ
Проф. д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, претседател на МГД
Проф. д-р Олгица Кузмановска, претседател на МАД
Мартин Стојановски, претседател на САД
Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД
Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, декан на ПМФ

Вести