Соопштение
03.8.2022
Драги натпреварувачи,
По успешно завршената 2022 година, со освоени два бронзени медала, ги почнуваме активностите за следниот циклус натпревари. Најдобро пласираните од државниот натпревар за средни училишта - 2022 се поканети да учествуваат на квалификациониот натпревар за избор на 10 ученика кои интензивно ќе се подготвуваат за учество на меѓународните олимпијади по хемија во 2023 година.
- Право на учество: оние кои биле дел од државниот натпревар 2022 и ги имаат постигнато следните резултати:
- I категорија: првите 20,
- II категорија: првите 10,
- III категорија: првите 11.
- квалификационен натпревар: декември 2022 година. Натпреварот ќе се состои од теоретски проблеми, ќе трае 5 часа и ќе се одберат десетмина.
- селекционен натпревар: март 2023 година и ќе вклучува два дела, теорија и експерименти. Двата дела траат по 5 часа (во два различни дена) и ќе се одберат четворица кои ќе го сочинуваат македонскиот тим за учество на олимпијадите.
- Материјали: ќе бидат доставени по електронски пат.
- Подготовки: Десетмината избрани на селекциониот натпревар ќе продолжат со подготовки на Институтот за хемија.
- Пријавување: Учеството на селекциониот натпревар треба да го потврдите (или откажете) со праќање порака на е-mail: mihabukleski@pmf.ukim.mk, најдоцна до 15 август. Во e-mail-от треба да наведете: Име и презиме, училиште и град, школска година (во 2023), ментор.