II Семинар за наставници по хемија од основните училишта

Презентациите од семинарот, како и листата на видео-експерименти се дадени на следниве линкови:

Соопштение
05.03.2019

На 16.02.2019 година на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје се одржа II Семинар за наставници по хемија од основните училишта. Во име на организациониот одбор на семинарот и во име на наставната секција при СХТМ се заблагодаруваме на сите учесници. Ни беше огромно задоволство и чест да соработуваме и да се дружиме и се надеваме дека ваквата практика ќе продолжи и понатаму.
Посебно сакаме да се заблагодариме на наставничките Велика Маркова, Габриела Апостоловска, Александра Блажевска и Jованка Аврамоска за нивниот придонес кон збогатување на содржините на семинарот, како и на Trimaks кој им додели подароци на овие наставници.

Соопштение
07.02.2019

Почитувани наставници,

Пријавувањето за семинарот по хемија за наставници од основните училишта е завршено поради пополнување на бројот на учесници. Пријавените наставници заклучно со 31.01.2019 година ќе учествуваат на семинарот на 16.02.2019 година, а целосниот список е даден ТУКА.
Програмата е дадена ТУКА.
Ги повикуваме наставниците по хемија од основните училишта кои се заинтересирани за учество на семинарот да се пријават на https://docs.google.com/forms/d/1LNhqyNLa083q-JNdZ2QO35ZHWFDA9pumw11dgxyGxb0/edit и да го следат семинарот заедно со колегите од средните училишта на 02.03.2019 година. Овој формулар ќе биде отворен до 20.02.2019 година или до пополнување на бројот на учесници.

Со почит,
Организационен одбор на семинарот при СХТМ

Соопштение
22.01.2019

Почитувани наставници,

Прелиминарната програма за Семинарот е објавена ТУКА.

Ве потсетуваме дека рокот за пријавување е до 31.01.2019 година или до пополнување на бројот на учесници. 

Со почит,
Секција за хемиско образование при СХТМ

 

Соопштение
14.12.2018

Почитувани наставници,

Секцијата за образование при СХТМ во соработка со Институтот за хемија, ПМФ организира семинари за наставници по хемија од основните и средните училишта. Основната цел на семинарите е професионален развој на професорите и збогатување на нивното експериментално искуство, како и размена на идеи меѓу сите учесници на семинарите.

Семинарот за наставници по хемија од основните училишта ќе биде реализиран на Институтот за хемија на 16.02.2019, сабота.

Освен предавање, во рамките на Семинарот ќе се одржат и две работилници, во кои активно учество ќе земат сите учесници. Постои можност и самите наставници да учествуваат на Семинарот. Во делот „Од наставниците за наставниците“ предвидено е излагање на тројца наставници кои накусо ќе пренесат дел од нивната наставна практика. За таа цел, на официјалната мејл адреса (seminar.оsnovno@gmail.com) потребно е да се испрати word документ кој е достапен ТУКА.

Котизацијата за учество на Семинарот изнесува:

  • 800 ден. за активни членови на СХТМ
  • 1000 ден. за сите останати

Котизацијата вклучува: предавања, учество во работилници, сертификат за учество, сертификат за презентација (за прифатените пријави), ручек и кафе паузи, како и дополнителни консултации во текот на учебната година. Котизацијата треба да се уплати најдоцна до 31.01.2019 година, на следнава сметка:

Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
Број на сметка 300000001352895, Комерцијална банка
Цел на дознаката: Семинар основно (име и презиме на учесникот)

Рефундирање на уплатените средства е можно до 50 % од износот ако се поднесе писмено барање на официјалната мејл адреса до 15.01.2018. По овој датум, рефундирање не е можно.

Бројот на учесници на семинарот е ограничен на 60 (предност имаат првопријавените!)

Рокот за пријавување и уплата на котизација е 31.01.2019 или до пополнување на бројот на учесници.

Сите заинтересирани задолжително треба да се регистрираат на следниов линк:
https://docs.google.com/forms/d/1l7o1e8k3uBkuysOFtWvrsVi_mJ_-yklLakjrztRLDzk/edit

Сите дополнителни информации ќе бидат објавени на нашата официјална веб-страница
http://sctm.mk/seminari.htm

 

Со почит,
Секција за хемиско образование при СХТМ

27-ми Конгрес на СХТМ

25–28 септември, 2024, Охрид

Вести