Презентациите од семинарот, како и листата на видео-експерименти се дадени на следниве линкови:
Соопштение
05.03.2019
На 02.03.2019 година на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје се одржа V Семинар за наставници по хемија од средните училишта. Во име на организациониот одбор на семинарот и во име на наставната секција при СХТМ се заблагодаруваме на сите учесници. Ни беше огромно задоволство и чест да соработуваме и да се дружиме и се надеваме дека ваквата практика ќе продолжи и понатаму.
Посебно сакаме да се заблагодариме на колешката Мирјана Ристевска за нејзиниот придонес кон збогатување на содржините на семинарот.
Соопштение
25.02.2019
Почитувани наставници,
Програмата за семинарот е дадена ТУКА.
Формуларот за пријавувањето за семинарот по хемија за наставници од средните училишта е отворен до 26.02.2019 година. Ги повикуваме наставниците по хемија од основните училишта кои не беа во можност да учествуваат на семинарот на 16 февруари да се пријават на https://docs.google.com/forms/d/1LNhqyNLa083q-JNdZ2QO35ZHWFDA9pumw11dgxyGxb0/edit?usp=drive_web и да го следат семинарот заедно со колегите од средните училишта на 02.03.2019 година.
Со почит,
Организационен одбор на семинарот при СХТМ
Соопштение
07.02.2019
Почитувани наставници,
Рокот за пријавување за семинарот по хемија за наставници од средните училишта се продолжува до 20.02.2019 година или до пополнување на бројот на учесници.
Ги повикуваме наставниците по хемија од основните училишта кои се заинтересирани за учество на семинарот да се пријават на https://docs.google.com/forms/d/1LNhqyNLa083q-JNdZ2QO35ZHWFDA9pumw11dgxyGxb0/edit и да го следат семинарот заедно со колегите од средните училишта на 02.03.2019 година.
Со почит,
Организационен одбор на семинарот при СХТМ
Соопштение
22.01.2019
Почитувани наставници,
Прелиминарната програма за Семинарот е објавена ТУКА.
Ве потсетуваме дека рокот за пријавување е до 31.01.2019 година или до пополнување на бројот на учесници.
Со почит,
Секција за хемиско образование при СХТМ
Соопштение
14.12.2018
Почитувани наставници,
Секцијата за образование при СХТМ во соработка со Институтот за хемија, ПМФ организира семинари за наставници по хемија од основните и средните училишта. Основната цел на семинарите е професионален развој на наставниците и збогатување на нивното експериментално искуство, како и размена на идеи меѓу сите учесници на семинарите.
Семинарот за наставници по хемија од средните училишта ќе биде реализиран на Институтот за хемија на 02.03.2019, сабота.
Освен предавање, во рамките на Семинарот ќе се одржат и две работилници, во кои активно учество ќе земат сите учесници. Постои можност и самите наставници да учествуваат на Семинарот. Во делот „Од наставниците за наставниците“ предвидено е излагање на тројца наставници кои накусо ќе пренесат дел од нивната наставна практика. За таа цел, на официјалната мејл адреса (seminar.hemija@gmail.com) потребно е да се испрати word документ кој е достапен ТУКА.
Котизацијата за учество на Семинарот изнесува:
Котизацијата вклучува: предавања, учество во работилници, сертификат за учество, сертификат за презентација (за прифатените пријави), ручек и кафе паузи, како и дополнителни консултации во текот на учебната година. Котизацијата треба да се уплати најдоцна до 31.01.2019 година, на следнава сметка:
Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
Број на сметка: 300000001352895, Комерцијална банка
Цел на дознаката: Семинар средно (име и презиме на учесникот)
Рефундирање на уплатените средства е можно до 50 % од износот ако се поднесе писмено барање на официјалната мејл адреса до 15.01.2018. По овој датум, рефундирање не е можно.
Бројот на учесници на семинарот е ограничен на 60 (предност имаат првопријавените!)
Рокот за пријавување и уплата на котизација е 31.01.2019 или до пополнување на бројот на учесници.
Сите заинтересирани задолжително треба да се регистрираат на следниов линк:
https://docs.google.com/forms/d/1LNhqyNLa083q-JNdZ2QO35ZHWFDA9pumw11dgxyGxb0/edit
Сите дополнителни информации ќе бидат објавени на нашата официјална веб-страница
http://sctm.mk/seminari.htm
Со почит,
Секција за хемиско образование при СХТМ
25–28 септември, 2024, Охрид