Извршниот и Надзорниот одбор на СХТМ донесоа едногласна одлука средствата од членарина за 2023 година да се уплатат на Црвениот крст на Македонија за настраданите од катастрофалните земјотреси во Турција и во Сирија
Почитувани колеги,
Ги молиме сите кои сакаат да бидат активни членови на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија во 2023 г. да уплатат членарина во вредност од 500 ден. според податоците дадени подолу (ПП-30). Молиме уплатата да ја извршите најдоцна до крајот на февруари 2023 г. (членарината после овој рок ќе изнесува 700 ден.):
Котизацијата за студенти на додипломски студии на универзитетите во Македонија е 250 ден.
– цел на дознака: членарина 2023 за име и презиме
– повикување на број на задолжување: 0
– назив на примач: СХТМ Скопје
– трансакциска сметка на примачот: 300000001352895
– банка на примач: Комерцијална банка
– износ МКД: 500
– повикување на број на одобрување: членарина 2023 за име и презиме
– шифра: 563
Со почит,
Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ